29 сепНиз солзи ја проколна

Низ правта
и го виде грбот…
замина
како да била
од секогаш
црна силуета
злокобна

ја љубеше
а, во моментов
се прашува
дали била
јаве или сон
или само вила прекрасна
која низ животот
само поминала
за да на крајот
сам…

низ солзи
ја проколне

11 авгНа каменов вековит

На овој плоштад
силно го извикав твоето име
и го изрезбав на секој камен од куќиве кои ме чуваа
од силната бура

На овој вековит камен
ја заколнав љубовта вечна

09 јулЗА МИГ

Само за миг
ја предаде душата
во вечноста

20 јунЛебдам

ја голтнав твојата љубов
полека минувајќи
низ грлово
заседна некаде длабоко
за да оттаму почне да делува
и како пердув да ме води
низ приказна
безвременска

18 апрМоето тело… твоја храна

Ноќта беше долга
сонцето зрак фрли
на место каде
заби длабоко
останаа
врежани во месо
крвава лузна
и траг на љубов
без пардон, веднаш бараш храна
… моето тело
со секој залак
вкус на задоволство
те исполнува
избезумена
од страст
ме прегрнуваш
со своето тенко тело
за да ти бидам љубов, храна, се на светот
сосем доволен

04 апрСосем обичен ден

Низ облак намрштен
се пробива зрак
заводлив
кој со удар на рацете
по белиот ѕид
почнува игра страстна
и полека к`о љубовник лукав
ја зема в прегратки
девојката
на ѕидот насликана
за миг…
и ја озарува насмевка мистична

во сосем обичен ден

22 февСилно ја прегрнав љубовта

како пердув… лесен
се спуштив на твоите гради
цврсти
ја чувствував твојата топлина
која ме изгоре
оставајќи лузна
видлива
го слушав срцебиењето
кое во такт на тапан
го најавуваше
надоаѓањето на твојата армија
силна љубовна пешадија
која ја освои мојата
љубов
на убав и тивок начин
со погледот на твоите очи
допирот на меките раце
и се предадов…
за да силно ја прегрнам љубовта

11 јанОстави трага…на нејзината фотографија

Силен ветер влезе низ отворената балконска врата. Ги разнесе низ собата фотографиите кои беа распослани по масичката во дневната соба. Беа на секаде. Остана само една. Со сите свои сили му се спротивставуваше на ветрот. Од провевот се слушна силно трескање на вратата. Задишан влезе во собата. Имаше исплашен поглед. Како да очекуваше призор на распарчено стакло во милион ситни парчиња. Седна на креветот и погледот му се фокусираше на осамената фотографија, онаа која што со сета сила успеа да го издржи налетот на ветрот кој за неа беше ураган. Како да имаше сето ова смисол… зборувам за сликата. Ја зема и молчешкум ја гледаше. Гледаше во девојката со развена коса на ветрот и поглед кој го освојуваше. Очите му се исполнија со солзи. Ја спушти на масичката. Стана и отиде во другата соба. Се врати со пенкало во раката. Седна и ја зеде в рака фотографијата. Ја погледна уште еднаш. Се подготвуваше нешто да запише на неа. Полека ја сврте од опачината и ги почуствува нејзините усни кои беа обележани со нејзиниот црвен кармин или… само правта му ги исполни очите.

*          *          *

Седеше крај брегот. Попладневното сонце одблеснуваше од водената површина. Го броеше секој бран кој силно удираше во карпите. Ги слушаше галебите како го пуштаа оној нивни препознатлив крик…крик на нивно распознавање. Ги гледаше како лебдеа и се одржуваа во воздухот. Запиша нешто во тетратката. Ја затвори и полека стана. Уште еднаш погледна во морската шир. Погледот за него беше фасцинантен и се воодушевуваше. Се сврте наеднаш. Погледот го одаде. Се исплаши, не очекуваше некој да стои зад него.

„Те исплашив…„- низ него проструи најубавиот женски глас што некогаш го имаше слушнато. Погледот му се вкочани на нејзините прекрасни зелени очи. Очи крупни и…на момент онака ѓаволести. Усните и беа сочни…но, него го освои во истиот момент нејзината насмевка. Насмевка која беше прекрасна. Како морската шир на која тој се воодушевуваше.

„Не… неочекував некој да има овде… навикнат сум да бидам сам…„- и ја подаде раката. Ја почуствува најнежната рака што некогаш ја имаше допрено. Кожата и беше толку мека што имаше чуство дека ако ја стисне повеќе ќе попука. Можеше да и ги забележи тенките вени како создаваат притоки од топла крв.

„Герхард…„- и со погледот помина по нејзина фигура. Остана бездив и неможеше ништо да каже.

Хана… навистина те исплашив… ме гледаш како да го виде Луцифер лично или пак некој од неговите проколнати ангели…„ – слатко се изнасмеа. Му беше незгодно од оваа негова реакција. Киселесто се насмеа колку да не ја покаже својата срамежливост.

„Не… само ми е драго што те запознав… морам да признаам…„- и се насмевна. Не веруваше дека некогаш ќе може толку отворено некому да каже како се чуствува. А, со неа му беше убаво како со никоја до сега. Ја пружи раката и полака и го допре лицето. Ја повлече раката како да се беше изгорел од најсилниот оган. Се сврте и со брзи чекори го напушти местото како да стори најужасно злосторство. Како да беше направил смртен грев. Чекореше брзо. А од друга страна се чуствуваше неизмерно среќен. Го слушапше нејзиниот глас како го довикува. Немаше намера да застане. Колку што брзше, толку нејзиниот глас беше се поблизок. Одеднаш се вкопа в место. Таа стоеше пред него со онаа нејзина насмевка и поглед кој освојува. Му ја фати главата и страсно го бакна. Таков бакнеж немаше почуствувано дотогаш. Нејзиниот јазик ја освои неговата усна шуплина. Го освои. Неможеше да се отргне од неа. Од нејзиниот бакнеж. Беа прилепени еден со друг и не се одвојуваа. Немаше намера ниту тој ниту таа.

*          *          *

Го турна на креветот. Имаше чуство дека паѓа бавно, како падот да беше успорен. Нејзините раце силно се движеа по неговото тело. Погледите и  ме сретнаа. Таа беше врз него и полека почна да се движи со колковите, кои и беа тенки. Ја фати полека, како да се плашеше од нејзината реакција. Му ги зеде рацете и со нив почна да си ги допира градите. Силно се извијуваше, а и криците ја заглушуваа пртходно мртвата тишина во спарната соба. Се посилно и посилно влегуваше во неа. А таа со своите крици потполно ја исполни собата. Го имаше она чуство на експлозија, она кога мора да ја ослободи својата енергија. Почуствува дека нејзините мускули не му дозволуваат да се одели од неа. Го стегаа цврсто. Се тресеше како гранка на силен ветер… падна како покосен, без сила, без можност да ја допре.

Од неа остана само прав. Само прав по неговото испотено тело.

*          *          *

Седеше крај брегот. Веќе се беше стемнило. Месечината полна, со својот сјај ја имаше направено патеката до влезот во пештерата која се наоѓаше токму под карпата на која седеше. Здогледа дека нешто се движи по водената површина. Се движеше полека и точно кон влезот на пештерата. Имаше облик на девојка… погледот му се фокусираше на силуетата која се движеше. Во истиот момент беше сигурен дека тоа е девојка. Но од каде сега девојка која оди по водената површина??? Стана и потрча по патеката која го водеше до влезот на пештерата. Сакаше да ја пречека. Да ја види. Да ја праша за нејзината умешност да оди по вода. Застана пред влезот. Погледна кон морската шир, но таму ја немаше девојката. Се сврте и повторно погледна, но девојката не беше ни близу него. По сјајната патека која ја создаде месечината немаше ништо освен благите бранови кои ги содаваше тивкиот ветер. Седна на еден камен. Водата му ги наводени чевлите. Стана и погледна кон влезот на пештерата. Одвнатре доаѓаше блага светлина. Се протна низ тесниот влез. Стоеше пред огромна водена површина. Водата беше кристално бистра. На средината имаше карпа која како да извираше од средината на езерото. И на нејзиниот врв тлееше оган. Гледаше во огнот и му поминуваа милион прашања:

„Што бара во оваа пештера?

„Од каде оган во неа?

„И каде е девојката?

Но на ниту едно немаше одговор. Нешто му ги одврати мислите од овие прашања. Под огнот имаше нешто. Како да висеше закачено на нешто. Се соблече и влезе во ладната вода. Толку беше студена што имаше чуство дека ќе змарзе во истиот момент. Стигна до карпата и почна да се искачува по неа. Како се доближуваше виде дека тоа е некаква слика и шишенце со прав. Полека ги зеде. Шишенцето и сликата ги стави меѓу забите и ги стисна. Доплива до брегот. Стоеше и го гледаше шишенцето. Ја погледна и сликата. На неа беше девојка со прекрасен поглед и таинствена насмевка. На сликата ја виде најубавата девојка што некогаш неговите очи можеле да забележат. Полека ја спушти фотографијата на земја. Дувна ветрец од тесниот процеп. Сликата се сврте на својата опачина. На неа имаше бакнеж од црвен кармин. Со водените прсти полека помина како да ги милуваше усните. Се разли карминот по хартијата. Го зеде шишенцето и полека почна да го отвора. Силен ветер ја исполни пештерата. Силно го стисна шишенцето.

Од него остана само прав. Само прав по водената површина во пештерата.

*              *              *

Силен ветер влезе низ отворената балконска врата. Ги разнесе низ собата фотографиите кои беа распослани по масичката во дневната соба. Беа на секаде. Остана само една. Со сите свои сили му се спротивставуваше на ветрот. Од провевот се слушна силно трескање на вратата. Собата ја исполни густа прашина. Се струполија на креветот. Нивните тела беа облиени со пот. Полека со усните ги допираше нејзините усни. Му се насмевна. Ја пружи раката кон сликата и ја зеде. Ја погледна и му се насмевна.

„Погледни…„- му се насмевна и му ја подаде. Ја зеде и му се насолзија очите.

Од нив остана само прав. Само прав на креветот и сликата која му се спротивстави на ветрот.

30 ноеЈа насликав со зборови

на лист хартија
како на платно сликарско
почнав да ги истурам зборовите
со кои ја насликав
без да ми затрепери раката
мислата ја исполнуваше белата површина
исполнувајќи ја со убав збор
раѓајќи ја совршеноста која ме исполнува
љубејќи ме
ги запечатив зборовите
на вистина
потпишувајќи ја мојата љубов

28 октНа клупата… во сонот

На клупата, која беше единствена, седеше старец кого годините му го браздеа лицето. Му се насмевна, а тој го поздрави со остар поглед. Имаше чувство дека го сече со жилет. Седна до него на студената клупа. Го чуствуваше неговото студенило како минува низ неговото тело. Клупата беше топла во споредба со него. Неколкупати им се пресретнаа погледите, но ниту едниот ниту другиот непочнуваа било каков разговор. Се стресе од неговото студенило. Го стутка своето тело за да се стопли во јакната, кога го слушна гласот на стариот:

„Те гледам седна до мене… а јас студен сиот… стани и продолжи си го патот… не треба да си тука…„- го погледна и не му беше јасно што му зборува. Старецот го сврте погледот и нешто во брада промрморе сам за себе.

„Не ве разбрав што сакавте да ми кажете… ве молам само малку погласно да зборувате…„- се почеша по главата и повторно се стутка на клупата од студ. Како да му влегуваше се подлабоко в коски. Имаше чуство како да го тресе грозница. Стрецот повторно му се обрати:

„Стани и замини… не седи покрај мене… мојот студ го чуствуваш в коски… не дозволувај тој да биде и твој… студ… јас сум тука само на кратко, а потоа заминувам далеку… каде нема студ, нема збор, насмевка… само тишина и тоа глува… никој никому никогаш не му се обраќа… станувај…„- и стана без поздрав. Го гледаше како заминува, полека со бавен чекор. Студот веќе го беше обземал. Погледна кон старецот, но него веќе го немаше.

„Ми се спие…„- тивко промрморе.

* * *

Срипа од креветот. Студена пот и го имаше облеано целото тело. Го погледна, а тој спиеше. Неколкупати го подбуцна за да го разбуди, но не реагираше. Го допре и почуствува студенило, истото она студенило како во сонот. А тој лежеше до неа, студен и мртов.